Уставните судии со пет гласа „за“ и три „против“ на денешната седница донесоа одлука да се запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.
Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.
Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, бидејќи смета дека тој е исцрпен и веќе не се применува затоа што важел во рок од 30 дена.
Иницијативата за оценување беше поведена за да се разреши дилемата дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да го повлече помилувањата за 56 лица во 2016 година, повеќето опфатени во предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство.
Со оваа денешна одлука на Уставен суд практично продолжуваат да се процесуираат сите предмети на СЈО. Оваа одлука веројатно ќе ѝ даде дополнителна аргуменација на Владата во одговорот до Судот во Стразбур да ги отфрли тужбите поднесени против државата од страна на обвинети од СЈО, сите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Уставниот суд на денешната седница одлучи дека поништувањето на аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, за лицата опфатени во предметите на СЈО, е уставна и законска затоа што не смее на граѓаните да им се скрати правото за повлекување на аболиција доколку сметаат дека својата невиност можат да ја докажат пред суд. Ова значи дека Иванов имал во право кога решил да ја повлече аболицијата во јуни 2017 година, инаку дадена два месеца претходно, во април.
Со оваа денешна одлука на Уставен суд практично продолжуваат да се процесуираат сите предмети на СЈО, затоа што аболицијата на Иванов се однесуваше на осомничени и обвинети од СЈО, иако во списокот помилувани Иванов имаше и грешки со имиња на сведоци и на лица кои воопшто не биле третирани од СЈО. Дополнително, со ваквата одлука на уставните судии му се отвора патот на Судот за човекови права во Стразбур лесно да ги отфрли тужбите поднесени против државата од страна на обвинети од СЈО, сите поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ. Тие ја тужат државата во Стразбур за крешење на човековите права со тврдење дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече.
Ситуацијата стигна до Стразбур и до Уставен суд затоа што во април 2017 година, Иванов даде колективна аболиција на 56 лица која немаше законска основа. Тој се повика на членот 11 од Законот за помилување кој беше избришан во 2009 година. Во 2016 година Уставен суд ги укина измените во Законот за помилување од 2009 година. Во 2017 година година Собранието донесе член 11а во Законот за помилување со кој му дадоа право на Иванов да може да повлече еднаш дадена аболиција. Денеска Уставен суд потврди дека повлекувањето на аболицииите е законско.