Уште трае состaнокот во МОН каде се решава за проблемот со третоодделенецот од „Лазо Ангеловски“
Сѐ уште трае состанокот во МОН со претставници од Општина Аеродром под чии ингеренции е училиштето „Лазо Ангеловски“, каде денеска учениците не се појавија на настава по бојкотот за кој Советот на родители на вчерашната вонредна седница донесе одлука, откако проблематичниот третоодделенец беше вратен во одделението.
За вечер повторно е закажана вонредна седница на Советот на родители од „Лазо Ангеловски“ на која се очекува да се презентираат заклучоците од денешниот состанок во МОН.
Утрово, учлиштето осамна со пораки за поддршка на третоодделенецот, на кои се вели „Издржи мали, со тебе сме!“ и „Малиот тука ќе учи!!!“.
„Одлуката за бојкот е последниот обид да дојдеме до взаемно прифатливо решение за нормално продолжување на воспитно образовниот процес на сите деца. Да не заборавиме дека со овој проблем училиштето се соочува веќе три години и сите механизми на локалните служби, вклучувајќи ги службите на училиштето и општината се веќе одамна исцрпени и затоа се обративме до инспекторатот кој по извршените надзори донесе одлука за промена на средината на детето, таа одлука сеуште не е имплементирана.
Уште еден доказ дека пристапот кон проблемот од страна на родителите на детето, кои не соработуваат со службите за взаемно решение, е денешниот инцидент со поставување на пароли на училиштето за поддршка на детето. Ние како совет, заедно со службите на училиштето и сите чинители на образовниот процес, вклучувајќи ги и родителите на сите 1.474 деца цел овој период се обидувавме да најдеме начин да го задржиме ученикот меѓутоа, одделението кое броеше 30 – тина деца, сега е со 13 ученици. Зарем тоа не доволен показател дека на проблемот треба да му се пристапи на друг начин?“, вели Зафир Делиуланов член на Советот на родители.
Од таму додаваат и дека Советот на родители на „Лазо Ангеловски“, како и самото училиште секогаш ја штитеше приватноста, личноста и интегритетот на детето и неговото семејство, а случајот стана јавен по реакциите и бојкотот во ООУ „11 Октомври“ каде ученикот требаше да биде преместен по препораката на социјалните служби за менување на училишната средината на ученикот.
Доколку се испочитуваат барањата на Советот на родители, да се спроведе изречената мерка менување на училишната средина на третоодделенецот, другите ученици од „лазо Ангеловски3 веднаш би се вратиле на настава.