Уште неколку дена наплата на долгови за „Водовод“ без камата


Фото: Б. Грданоски

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје. Во таа насока, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и истата завршува за неколку дена.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17.02.2025 год е со определен временски рок и завршува на 02.04.2025 год. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката престанува да важи.