Уште едно чудно умирање во Русија, научник промашил скали и загинал
Поранешниот ректор на Московскиот авијациски институт (МАИ) Анатолиј Герашченко загина во несреќа, јави ТАСС повикувајќи се на прес-службата на универзитетот. Научникот имал 72 години.
„Во моментов се формира комисија за испитување на овој факт, во која ќе бидат вклучени претставници на руското Министерство за образование и наука, Државниот инспекторат за труд и Московскиот авијациски институт“, соопшти прес-службата.
Според весникот „Известија“, Герашченко удрил од голема височина во ѕидовите на универзитетот, „прелетувајќи неколку скали“.
Анатолиј Герашченко работи во МАИ од 1977 година. Од 2007 до 2015 година бил ректор на институтот. Неодамна, Герашченко беше советник на актуелниот ректор Михаил Погосјан.