Уште една трагедија во Бих: Ја убил сопругата, па се самоубил
Синоќа околу 21:10 часот во градот Живинице во Тузланскиот кантон Босна и Херцеговина маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил, потврдија за Klix.ba.
Како што се цдознава, мажот со иницијали М.А. ( 1965 година) ја застрелал сопругата на иницијалите Ч.Т. (1971 година). После тоа извршил самоубиство.
„Во 21 часот и 10 минути од полициската управа Живиница било пријавено дека од семејна куќа во населбата Подгајеви се слушаат истрели од огнено оружје, а во врска со таа пријава била испратена патрола на Полициската управа во Живиница, како и екипа на Итна медицинска помош. На местото на настанот се пронајдени две безживотни тела на маж и жена. Дежурниот лекар на Итната помош констатирал смрт на двете лица на лице место“, изјавила за Аваз портпаролката на локалната полиција Аднана Спречиќ.
Нема дополнителни информации за околностите на оваа трагедија, која се случи само десет дена откако 35-годишната Низама Хеќимовиќ беше убиена во Градачац од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа уби уште двајца мажи и рани уште тројца, а на крај исто така се самоуби.