Уште една драма на ЛОИ: Полјаците по 48 години во финале, Американците изостанаа


По 48 години полските одбојкари повторно ќе играат за златниот олимписки медал откако во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз ги совладаа Американците.

Полјаците ги предводеше натурализираниот Кубанец Вилфредо Леон Венеро со 26 поени, а 15 Норберт Хубер. Американците ги предводеа Метју Андерсон со 24 поени и Арон Расел со 20 поени.

Решавачки испадна четвртиот сет во кој Полјаците постојано заостануваа, но во решавачките моменти имаа поголема смиреност и прецизност. Во решавачкиот сет Американците водеа само еднаш освојувајќи го првиот поен. Полска стигна до четири меч топки (14-10), американските одбојкари спасија три, но не и четврта, кога топката од нивната блокада заврши во аут, што овозможи славење на Полјаците, кои вторпат  во историјата на Олимписките игри се пласираа во финалето.

За прв пат успеаја во 1976 година во Монтреал, каде што го освоија златниот медал победувајќи ја репрезентацијата на СССР со 3:2 во финалето.

Во финалето на турнирот во Париз, Полска го чека победникот од полуфиналната пресметка меѓу Италија и Франција, која на програмата е од 20 часот.