Уште еден трн во око на Русите: Ерменците почнаа заедничка вежба со американската армија


Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека денеска започнале заедничка воена вежба со Армијата на САД наречена „ЕГЛЕ ПАРТНЕР 2024“.

Како што се наведува, вежбата започна во кампот на Воената академија Вазген Саргсјан, а на свеченото отворање присуствуваа министерот за одбрана на Ерменија, Сурен Папикјан и амбасадорката на САД во Ерменија, Кристина Квиен.

„Високо ја ценам работата на американската армија во Европа и Африка и Националната гарда на Канзас, која е партнер на Ерменија повеќе од 20 години. Им благодарам на сите кои учествуваа во ефикасното планирање на оваа вежба, чија цел е да се зголеми интероперабилноста помеѓу единици кои учествуваат во меѓународни мировни мисии во рамките на мировната операција“, рече министерот.

Според најавите, вежбата во Ерменија ќе трае до 24 јули.

Ќе се фокусира на задачите за стабилизација меѓу конфликтните страни за време на мировната мисија.

„Единиците кои се подготвуваат за меѓународни мировни операции учествуваат во слични заеднички воени вежби и обука со земјите партнери“, се наведува во соопштението.