Уште еден силен земјотрес на Филипините
Помалку од два дена откако шест лица загинаа во силен земјотрес на Филипините, истото место го погоди нов силен земјотрес.
Земјотрес со јачина од 6,5 степени натера илјадници луѓе да излезат на улиците на островот Минаданао.
Епицентарот на земјотресот повторно бил југ-западно од градот Давао. Пријавени се оштетени згради и сè уште не е јасно дали има жртви.
Геолошкиот топографски институт на САД соопшти дека не постои опасност од цунами.