Уште еден пропаднат обид за санкциите за руската нафта

Според дипломатски извори, амбасадорите на ЕУ повторно не постигнале договор за санкции за увозот на руска нафта, велат дипломатски извори.
Тие одржаа состанок во Брисел во понеделникот наутро, откако во неделата вечерта не успеаја да најдат начин да го стокмат шестиот пакет санкции.
Различни опции беа дискутирани во последниве недели – со најновиот компромисен план кој се однесува на таргетирање на нафтата од морето прво и оставање на цевководите за подоцна.
Официјалните лица се надеваа дека ќе постигнат договор до понеделник попладне, кога водачите на ЕУ ќе се соберат во Брисел на вонреден самит.
Иако се смета дека лидерите веројатно нема да постигнат напредок во многу детални, технички аспекти на предлозите – а тоа не е ни конкретно на агендата – одредени земји-членки може да го покренат прашањето, во просторијата или билатерално.
На самитот треба да учествува и украинскиот претседател Зеленски.
Минатата недела тој изрази фрустрација поради одложувањата: „Но, од каде добија толку моќ оние што го блокираа шестиот пакет?“
Додека земјите без излез на море, како што се Словачка и Чешката Република, побараа подолги периоди на исклучување, поради нивната зависност од руската нафта на нафтоводот, Унгарија нашироко се смета за главна пречка за договорот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела му пиша на Европскиот совет велејќи дека смета дека санкциите за нафтата не треба ни да бидат дискутирани од лидерите бидејќи тоа само ќе ги нагласи поделбите.
Унгарската влада ја спореди забраната за нафта со фрлање нуклеарна бомба врз нејзината економија.