Уште еден мал авион падна во Хрватска, во близина на Врсар


Полицијата, денеска, околу 8:35 часот добила пријава дека мал авион се урнал во Врсар, во близина на аеродромот.

Едно лице е повредено, а сите служби за итни случаи се испратени на местото на настанот, соопшти полицијата.

Минатата седмица, мал авион падна во близина на Пула, кај аеродромот Медулин, при што загинаа четворица Австријци.

Падна мал авион кај Пула во Хрватска, загинаа четворица