Уште еден анти геј политичар фатен во друштво на гол маж


За време на конференцискиот видео повик од парламентарната комисија за култура, литванскиот пратеник Петрас Гражулис доживеа срам што го направи цел на потсмев за рекордно време.

Имено, за време на состанокот што беше пренесуван во живо на каналот Јутјуб на Парламентот на Литванија, околу 13-тата минута, Гражулис ја вклучи камерата, а зад него јасно можеше да се види –  голо торзо на маж!

– Одговорност на секој член на парламентот е да осигури дека никој друг не се појавува во нивната домашна средина . Прашањето е зошто тие воопшто биле полуголи за време на работното време .

Се разбира, може да се каже дека тоа е приватен живот на некоја личност, но истата личност беше дел од состанокот на литванскиот парламент и другите присутни луѓе, без сомнение, можат да влијаат на одлуките на пратениците и да претставуваат закана за интегритетот на политичарите – коментира Витаутас Јуозапаитис, претседател на парламентарната комисија, додавајќи дека тој лично не го забележал голиот човек за кој станува збор.

– Веројатно станува збор за член на семејство кој му помогнал на Гражулис да се поврзе со видео состанокот, тој можеби имал технички проблеми – заклучи Јуозапаитис.

Патем, Петрас Гразулис е познат по својата анти-ЛГБТК реторика и протести за време на геј гордоста во Вилнус. Иако медиумите се обидоа да го натераат да го коментира инцидентот, тој не беше достапен.