Уште 50 жртви на Ковид-19 во Хрватска
Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска соопшти дека во последните 24 часа во оваа земја регистрирани се 7.094 нови случаи со корона вирус, а вкупно активни има 31.689.
Од нив 1.786 пациенти се лекуваат во болница, а 234 на респиратор.
Починаа уште 50 пациенти.
Од почетокот на епидемијата вкупно се забележани 497.168 лица заразени со корона виурсот, а починаа 9.450, додека оздравеа 456.029 лица.
До денеска тестирани се 3.171.181 лица, а 15.498 во последното деноноќие.
Вакцинира ни се 57,19 осто од возрасните.