Уште 40 милиони евра хуманитарна помош од ЕК за Украина


Европска комисија најави дека ќе ослободи уште 40 милиони евра хуманитарна помош за Украинците, од кои 35 милиони евра ќе бидат наменети за хуманитарни проекти во Украина, а остатокот ќе биде за поддршка на украинските бегалци во Молдавија.

ЕК наведува дека помошта е директно поврзана со претстојната зима и состојбата на украинската енергетска инфраструктура оштетена при руските напади. Средствата ќе бидат наменети за реставрација на уништените згради, за обезбедување струја, греење и засолниште.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година ЕК и додели на Украина 966 милиони евра за хуманитарна помош, од кои 71 милион евра беа за украинските бегалци кои побегнаа во Молдавија.

Комисијата насочува помош во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, бидејќи во Украина се испорачани повеќе од 150.000 тони помош во натура, како што се амбулантни возила, противпожарни возила, лекови, средства за засолниште, генератори, се додава во соопштението.

ЕК преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и испорача на Украина повеќе од 150.000 тони помош во натура – амбулантни возила, противпожарни возила, лекови, засолништа, генератори на струја.