УС Опен: Синер стартува против Чехот Коприва, Ѓоковиќ против Американецот Тиен


Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер ќе ја почне одбраната на титулата на УС Опен против Чехот Вит Коприва, одлучи денешната жрепка во Њујорк.

Рекордерот со 24 освоени грен слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ за прв противник ќе го има домашниот тенисер Лернер Тиен.

На женскиот турнир, најдобрата светска тенисерка и бранителка на титулата во Њујорк, Арина Сабаленка од Белорусија ќе стартува на УС Опен против Швајцарката Ребека Масарова.

Отвореното првенство на САД ќе се одржи од 24 август до 7 септември во Њујорк.