Урсула Фон дер Лајен ќе се сретне со Пендаровски, Ковачевски и со Џафери пред седницата во Собрание
Утре во 11 часот македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе има средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Посетата на Македонија претседателката на Европската комисија ќе ја продолжи со средба со претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски.
Пред седницата во Собрание предвидена е средба на претседателката на Европската комисија со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Во 13 часот закажана е и собраниска седница на која ќе се обрати Урсула Фон дер Лајен, а половина час подоцна закажана е уште една пленарна седница на Собранието на која ќе се разгледува францускиот предлог, односно Информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни.