Уредување на детски и спортски игралишта во Општина Аеродром

Општина Аеродром и денеска, недела, интензивно работи на уредување на нови детски и спортски игралишта на неколку локации во општината.
Населбите Мичурин, Острово, Горно Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Ново Лисиче, паркот „Бановина”, се само дел од локациите, а наскоро започнуваме со изградба на неколку нови детски игралишта и паркови.
Нашата цел е секое маало да добие современо, безбедно и креативно место за најмладите. Инвестираме во среќно и здраво детство, а работата не запира – ни преку викенд!
Продолжуваме да работиме посветено, чекор по чекор, за поубав Аеродром.