Универзитетот ФОН доделува 20 стипендии за припадниците на ромската заедница
По повод Меѓународниот ден на Ромите, Американскиот универзитет на Европа – ФОН доделува 20 стипендии на припадници од ромската заедница, од кои 10 стипендии за додипломски студии во времетраење од четири години и 10 стипендии за постдипломски студии.
Сите заинтересирани кандидати за стипендии од АУЕ – ФОН можат да аплицираат со испраќање на биографија или CV на [email protected] или пак за повеќе информации да се обратат на телефонскиот број 070/345-999.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите упатува честитка до сите припадници на ромската заедница во земјава. – Меѓународниот ден на Ромите е можност за сите нас да ја славиме ромската култура и да ја подигнеме свеста за проблемите со кои се соочуваат денес, се вели во соопштението.