Унгарскиот кредит од шанса за раст се претвора во трошок за граѓаните, вели Левица
Партијата Левица го кртикува начинот на кој ќе се отплаќа лредитот што влада на Христијан Мицкоски го зеде од владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Критиките најмногу се насочени околу тоа кој и како ќе ја плаќа каматата. Оценката на Левица е дека крајниот трошок ќе го платат граѓаните.
„Новиот договор на Владата со комерцијалните банки за пласирање на унгарскиот кредит повторно го става товарот врз грбот на граѓаните, кои ќе треба да вратат близу 100 милиони евра по основ на камата што ја побарува унгарската Експорт импорт банка. 250 милиони евра, пари земени од унгарскиот кредит, Владата ќе ги пласира во приватниот сектор преку комерцијалните банки.
Премиерот Мицкоски изјави дека преговорите со комерцијалните банки не оделе како што очекувале, па договорот паднал каматата за овој кредит да ја плаќаат граѓаните. Министерството за финансии ќе префрли 250 милиони евра на Развојна банка која пак овие средства треба да им ги позајми на комерцијалните банки.
Овој кредит првично се најавуваше како шанса за економски раст, а се претвора во трошок на граѓаните и поддршка на привилегираните компании блиски до власта, што само го потврдува недостигот од реална економска визија и политичка одговорност. Се поставува прашањето: Дали Владата вистински се грижи за економските интереси на граѓаните или пак за интересите на одредени бизнис кругови“, вели левица во соопштението..