Унгарската министерка за правда заразена со корона вирусот
Унгарската министерка за правда Јудит Варга соопшти дека е позитивна на тест за корона вирусот, дека чувствува благи респираторни симптоми и оди во карантин.
– Од денеска сум дома во карантин со моето семејство. Работам од дома и нема да присуствувам на седници на Владата, објави вчера Варга на Фејсбук.
Варга, која води еден од најважните ресори во унгарската Влада и често патува во Брисел на состаноци во ЕУ, не кажа каде можеби е заразена и дали неодамна се сретнала со други владини претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан.