Унгарија е подготвена да ја тужи ЕК заради трошоците за заштита на границата


Унгарија е подготвена да ја тужи Европската комисија за да ги компензира трошоците за заштита на надворешната граница на Европската унија, која, како што тврди, ја чинела околу две милијарди евра, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Орбан ја затвори главната транзитна рута низ Унгарија за стотици илјади баратели на азил кои бегаа од војни и сиромаштија во 2015 година, зајакнувајќи ја неговата поддршка дома, но привлекувајќи жестока критики од многу сојузници во Европската унија.

– Подготвени сме да ја тужиме Европската комисија откако таа делумно или целосно ги надомести трошоците што ги направија другите земји-членки за заштита на шенгенската граница, изјави Гергели Гуљас на прес-конференција.

„Унгарија во последните години потроши две милијарди евра за заштита на шенгенската граница, а не доби никаков значаен придонес од ЕУ“, додаде тој.

Германија во понеделникот ги објави плановите да воведе построга контрола на сите нејзини копнени граници, како што го опиша како обид да се справи со илегалната миграција.

Полска смета дека германските гранични контроли се неприфатливи

Контролите во инаку широката област на слободно движење, европската Шенген зона, ќе започнат на 16 септември и првично ќе траат шест месеци откако Берлин претходно практикуваше политика на отворени врати.

– Гледаме дека има промени во Европа, рече Гуљас.

„Во 2015 година унгарскиот премиер беше првиот кој јасно кажа дека доколку ЕУ не го спроведе Шенгенскиот договор (…), тогаш Шенген ќе пропадне“, нагласи тој.

Гуљас додаде дека одлуката на Берлин да воведе гранични контроли значи дека Германија ја уништува областа на слободно движење во Унијата.

– Прво ја уништи со тоа што не ги принудуваше земјите-членки на ЕУ ефективно да ја штитат надворешната граница, а сега ја уништува со воведување контроли на внатрешните граници, изјави шефот на кабинетот на Орбан.