Ултрабогатите во ЕУ ќе мора да ги приземјат приватните авиони
Глетката на ултра-богатите кои летаат низ Франција со приватни авиони создава бурни реакции на социјалните мрежи принудувајќи ги политичарите да преземат нешто околу поткопувањето на напорите за борба против климатските промени. Министерот за транспорт Клеман Бон сака министрите за транспорт на ЕУ да ги регулираат емисиите на CO2 од приватните авиони на нивниот самит во октомври.
„Има некои однесувања кои повеќе не се прифатливи“, изјави тој за Le Parisien овој викенд.
Лидерот на партијата на Зелените Џулиен Бају минатата недела рече дека во септември ќе поднесе законски предлог за забрана на вакви летови, иако тоа е малку предалеку за Бон, кој тврди дека дел од приватната авијација е „важна деловна активност“.
Ваквите барања се реакција на наодите на социјалните мрежи кои ја следат употребата на авионите од страна на францускиот џет-сет. Еден од нив, твитер-страницата I Fly Bernard, именувана по Бернард Арно, извршниот директор на луксузниот гигант LVMH, следи каде летаат богатите. Во еден пример, беше откриено дека Винсент Болоре, извршниот директор на мултинационалната компанија за транспорт, логистика и комуникација „Болоре“ на 8 август направил пет патувања за нешто повеќе од 12 часа, цик-цак помеѓу Париз, Палермо, Ница и Тулон.
Традиционалното деловно оправдување за летовите со кратки дестинации е што тие се поефикасни отколку да ги натераат зафатените директори да чекаат вообичаено закажани авиони и возови. Дури и ЕУ поддржува одредена употреба на приватни авиони. Минатата година, Брисел го зголеми својот четиригодишен буџет за приватни авиони за 26 отсто на 13,5 милиони евра. Но, во време на зголемена инфлација, економски грижи и загриженост за климатските промени, ваквите летови имаат се помалку бранители.
Транспорт и животна средина, невладина организација за чиста мобилност, во извештајот минатата година откри дека приватните авиони се пет до 14 пати позагадувачки од комерцијалните авиони по патник и 50 пати позагадувачки од возовите. Невладината организација сака да забрани кратки патувања со млазници на фосилни горива до 2030 година. Таа тврди дека тоа ќе ја зголеми побарувачката за чисти технологии како е-керозин – направени со комбинирање на водород и јаглерод диоксид.
„Казнените даноци за приватните авиони се единствениот начин на кој можеме да го земеме предвид нивното непропорционално влијание врз климата“, рече директорот за воздухопловство на T&E, Џо Дарден. „Владите треба да воведат такса за билети и гориво, според растојанието на летот и тежината на авионот“.
Извештајот, исто така, покажа дека, освен во Швајцарија, приватните авиони се неоданочени во повеќето европски земји. Тарифата за билети за приватен авион во Швајцарија е во вредност од 500 до 5.000 евра – еколозите тврдат дека со таа готовина може да се финансираат нови технологии како што се одржливи горива за авијација.
Франција е центарот на ЕУ за приватни авиони. Во 2019 година, една десетина од сите летови кои поаѓаат од Франција биле приватни, од кои половина патувале помалку од 500 километри.
Климатскиот пакет на ЕУ Fit for 55 веќе вклучува некои предложени мерки што ќе ја погодат употребата на приватни авиони, како што е данокот на керозин за авионите, но тоа досие сè уште се работи низ институциите на ЕУ. Секоја даночна промена, исто така, бара едногласна поддршка од сите земји-членки.
Француските напори добиваат одредена поддршка од Белгија, каде што министерот за мобилност на партијата на Зелените, Жорж Гилкине во петокот рече дека повеќето патувања со приватен авион „тешко се оправдуваат“.
Но, на друго место нема многу ентузијазам. „ темата не е на нашиот радар“, рече претставник од друга земја на ЕУ со голем број корисници на приватни авиони.
Минатата година, владатаво Франција усвои закон со кој се забрануваат летови на кратки релации доколку постои алтернатива со железница која трае два и пол часа или помалку, иако тоа се однесува само на комерцијални авиони, а не на приватни авиони.Европската комисија моментално го анализира тој предлог, но вели дека „не зазема став за самата мерка, чија цел во принцип ја поддржува“.