Украински професор држи часови на студентите од ров
Професорот на Универзитетот Ужхород, Ферид Шандор, им предава на студентите од рововите. Сега неговата единица е на истокот на Украина, но професорот наоѓа време да им одржи предавање на студентите. Тој вели дека борбената должност трае цел ден и дека мора да биде на позиција на секои четири часа.
„Кога имам часови земам ноќни смени, а веднаш потоа, наутро, држам час“, изјавил тој за украинските медиуми.
„Кога не предавам и не се борам, работам на подобрување на условите за живеење, на копање ровови и слично. Секогаш држам часови во близина на ровот.. Бевме гранатирани токму додека работев на грешките во модулите. Отидов во ровот и го продолжив предавањето“, објасни професорот.
Шандор е етнички Унгарец од најзападниот дел на Украина. Тој доброволно се пријавил да војува и моментално служи 1.000 километри далеку од својот дом.