Украинската армија го урна клучниот мост кај Керсон


Украинската армија денеска повторно го гранатираше Антоновски мост источно од градот Керсон и се чини дека успеа да го уништи.
 
Тоа е еден од трите клучни објекти преку реката Днепар во овој дел од окупираната јужна Украина. По претходните неколку удари, имаше извештаи дека руската армија ја повлекува командата и другите единици од другата страна на реката зада околу 25.000 војници  не бидат отсечени од нормалното снабдување и комуникација.
 
Како што јави ТАСС, денеска се повредени не помалку од 15 лица, бидејќи кон мостот било гаѓано со  американските системи  ХИМАРС.