Украинците пред Доњецк, Русија официјално потврди повлекување
Украинците од рано утрово го гранатираат Доњецк. Според неофицијални информации тие веќе стигнале до аеродромот во овој град што им беше недостапен од инвазијата во 2014 година и се во предградието на градот .
Британското Министерство за одбрана потврди дека во последните 24 часа, украинските сили продолжиле значително да напредуваат во регионот на Харкив. Русија се повлече од областа, но борбите продолжуваат во близина на стратешки важните градови Изјум и Купјанск кои веќе се под контрола на украинските сили.
– Русија спроведува стратегија на намерно дезинформирање за да избегне вина за кризата со храна, да ја дискредитира Украина и да го минимизира противењето на инвазијата на Украина, се вели во извештајот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски,пак, во своето ноќно видео-обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана територија од почетокот на контранападот овој месец.
– Во овој момент можам да потврдам дека благодарение на акциите на украинската армија од почетокот на септември се ослободени околу 2.000 квадратни километри од нашата територија, рече Зеленски.
Тој посебно им се заблагодари на единиците на украинската армија кои, како што рече, „се истакнале во регионот Харков“ и на оние кои „ја вратиле целосната контрола над градот Балаклија“.
Русија претходно најави повлекување на своите сили од регионот. Зеленски го нарече бегството на руската армија добра одлука.
– За окупаторите нема и нема да има место во Украина, рече тој.
Според информациите на украинскиот Генералштаб на вооружените сили објавен утрово украинските единици дефинитивно влегоа во Купјанск, а продолжува ослободувањето на локалитетите на окрузите Купјанск и Изиум во областа Харкив.
„Забележано е дека непријателот продолжува да трпи загуби. Во правец на Харкив, непријателските единици од 3-та моторизирана пушка дивизија на 20-та комбинирана армија останаа без средства за поддршка, персоналот беше во паника. Во текот на изминатиот ден, повеќе од 75 ранети руски војници беа испорачани во селото Валујки во Белгородската област, додека повеќе од 100 окупатори беа евакуирани од Белгород во Москва.“, стои во извештајот
Руските сили ја „мобилизираат“ машката популација на привремено заземените територии. Сега на мажите им е забрането да ги напуштаат населбите, известува украинскиот Генералштаб.
„Како одговор на успешните акции на вооружените сили на Украина, руските напаѓачи во населените места, во привремено заземените територии на регионите Харкив и Херсон, го заоструваат административниот и полицискиот режим – забрането е влегување или напуштање на локалитети, воведен е полициски час.
Во градот Херсон се претресуваат куќите на населбата Схидњи, од каде се гледа мостот Антонивка. Руската војска ги предупреди жителите на Каховка и Козатске дека ќе пукаат во нив доколку се приближат до премините“, јавува украинската војска