Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна во бомбардирана електрана


Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна меѓу бетон, метал и уништена опрема. Длабоко трогателно. Украинскиот хор, по повод Божиќ, ја испеа „Шчедрик“ во машинската сала на електраната ДТЕК, уништена од руските напади.

Откако почна војната на Русија против Украина, Киев донесе одлука Украина да го слави овој празник според западниот календар, т.е. заедно со сите во Европската унија.