Украина уништила руски систем за воздушна одбрана вреден 1,2 милијарди долари

Противвоздушниот систем „Триумф“ е е едно од најсосфистицираните и најскапи оружја во светот и е составен од ракети С-400. Со него се бранеше Крим


 

Руската противвоздушна одбрана утрото на 14 септември уништила 11 дронови од украински тип над анектираниот Крим. Малку порано украинските вооружени сили се обиделе да го нападнат патролниот брод на Црноморската флота „Сергеј Котов“ во Црното Море, тврди руската војска. „За време на одбивањето на нападот, пет беспилотни непријателски чамци беа уништени со оган од стандардното оружје на бродот“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Ноќе, жителите на градот Евпаторија пријавиле звуци од експлозии. Фотографиите и видеата беа објавени од проукраинскиот телеграмски канал „Кримски ветер“.

Некои од дроновите стигнале до своите мети. Военото контраразузнавање на СБУ и украинските поморски сили спроведоа „уникатна специјална операција“ во регионот Евпаторија, уништувајќи го рускиот систем за воздушна одбрана „Триумф“, изјави за „Украинска правда“ извор од украинската специјална служба. Според него, целта била погодена со дронови и ракети „Нептун“.

Системот „Триумф“ се остои од батерија на на неколку лансирни рампи за модерните ракети С-400. Овој сиостем чини 1,2 милијарди долари. Ако украинските наводи се точни за неговото уништување тоа значи дека руската армија претрпела најголема поединечна штета во војната. Плус тоа, анектираниот Крим засега ќе биде оставен со нецелосна одбрана. Системот „Триумф“ е едно од најсосфистицираните и најскапи оружја во светот. 

Прес-секретарот на оперативната команда на вооружените сили на Украина „Југ“, Наталија Гумењук, ги коментираше експлозиите: „Концентрацијата на воени објекти, присуството на аеродром во близина – сето ова сугерира дека работата се изведува апсолутно како што е планирано. Целите се легитимни, целосно воени“.

Во областа Евпаторија има неколку воени единици, како и воениот аеродром Саки, кој украинските вооружени сили веќе го нападнаа летото 2022 година.