Украина побара итен безбедносен состанок со Русите


 

Украина повика на состанок со Русија и другите членови на клучната безбедносна европска група поради ескалација на тензиите на нејзината граница, пишува Би-би-си.

Министерот за надворешени работи на Украина, Дмитро Кулеба рече дека Русија ги игнорирала официјалните барања за објаснување зошто трупа воени сили на границата со украина во последниот период. Рече дека тоа е „следен чекор“ за барање состанок „за руската транспарентност“, и тоа во наредните 48 часа, но од Русија по тој повод уште не се огласиле.

Некои западни земји предупредија дека Русија се подготвува за воена акција, а САД велат дека Москва може да почне со воздушно бомбардирање „во кој и да е момент“. Оваа држава пак ги негираше плановите за инвазија на Украина покрај тоа што смести околу 100.000 војниви на украинските граници.

Повеќе од десет нации во светот, меѓу кои и соседна Србија, ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина, а некои го повлекоа персоналот од амбасадуте во Киев. Си-би-ес њус, објави дека САД се подготвуваат во следните 48 часа да го повлечат целиот персонал од главниот град на Украина.

Вчера, претседателот на САД Џо Бајден и претседателот на Украина Володимир Зеленски одржаа повеќечасовен разговор, при што украинскиот лидер ја критикуваше паниката која се шири и наведе дека досега невидел доказ за тоа дека Русија планира инвазија во наредните денови.

Ден порано Бајден разговараше и со Путин, но едночасовната телефонска конверзација не донесе некој напредок во договорите САД – Русија.