Украина ќе му удри „клоца“ на Старлинк на Маск


Европската сателитска мрежа Eutelsat води разговори за засилување на сателитските услуги на Украина. Откако е најавена можноста, акциите во Eutelsat се зголемија за повеќе од 60%  денес, продолжувајќи ги нивните добивки по порастот од 68% еден ден претходно, бидејќи неодамнешните геополитички случувања ја зголемија можноста сателитите OneWeb да го заменат Starlink на Илон Маск во Украина.

Акциите на француската сателитска група речиси тројно ја зголемија вредноста од затворањето во петокот, по судирот меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, со кој беше доведена во прашање  иднината на Старлинк во Украина.

„Акциите се зголемуваат поради можноста за префрлување на договорот на украинската армија од Starlink на OneWeb на Eutelsat и севкупно поради фактот дека OneWeb е најдобрата алтернатива на Starlink“, изјави Стефан Бејазијан, аналитичар  за Ројтерс.

Белата куќа ја прекина сета воена помош за Украина, отворајќи го патот за Европа да ги засили напорите за снабдување на земјата. Европската комисија, исто така, во вторникот предложи одбранбен план за Европа од 800 милијарди евра (841 милијарди долари).