УЈП ја објави најновата Листа на должници за неплатен данок


Фото: Б. Грданоски

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2024 за долгови доспеани до 31.03.2024 и неплатени до 30.06.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.07/2024 објавени се 1870 должници – правни лица (помалку за 38 од претходната листа) и 3774 физички лица (повеќе за 28 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2024 изнесува 10.722.692.495 денари, (повеќе за 134.041.650 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.565.414.681 денари, (повеќе за 165.928.847 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 157.277.814 денари (помалку за 31.887.197 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.