УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што информираат од УХМР, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, претпладне со услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.