УХМР: Од недела релативно топло време, пониски температури по котлините поради магла


Фото: Б. Грданоски

 Засилен северозападен ветер ќе дува утре, а од недела времето ќе биде тивко и релативно топло,  прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради појава на магла, дневните температури ќе бидат пониски по котлините.

В недела дневната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, во понеделник од 7 до 17, во вторник од 6 до 16 степени. 

Како што соопшти УХМР, во текот на денов е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Максималната температура денеска е во интервал од 5 до 12 степени.