УХМР: Април просечно топол и просечно влажен

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април 2025 година, се карактеризира како просечно топол и просечен до влажен во однос на врнежите месец, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР.
Средномесечната температура изнесуваше од 5,7°С во Лазарополе до 14,4°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната беше 0,1°С над просекот на ниво на држава.
Највисоката максимална температура беше измерена на 22 април во Гевгелија и изнесуваше 28,0°С. На територијата на државата во текот на месецот, од 16 до 23 ти беше забележен продор на топлотен бран, односно невообичаено високи максимални температури за овој период од годината.
Утринските температури во периодот од 06 до 10-ти во месецот беа многу ниски, па беше забележена појава на мраз. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 9 ѐприл и изнесуваше -10,6°С.
Во април, месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 34мм во Демир Капија до 97ммво Маврово.
Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 35мм беше регистрирано во Штип на 2 април, додека максимална снежна покривка од 22см беше измерена во Битола на 7 април.
Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше околу просекот (52мм) на ниво на држава.