Угостителските услуги за една година поскапеле за 5,8 отсто


Угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024-та, се поскапени за 5,8 %, соопшти Државнито завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јануари 2025, пак, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 0,2 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 %, Безалкохолни пијалаци за 0,1 % и Ноќевања за 0,3 %.с