Угинаа 18.000 крави во експлозија на фарма во Тексас
Приближно 18.000 крави угинаа во експлозија на фарма за млеко во Тексас во близина на градот Димит претходно оваа недела. Во експлозијата е повредено и едно лице, кое моментално е во критична состојба. Властите веруваат дека машините во централата можеби го запалиле метанот.
Канцеларијата на шерифот на округот Кастро соопшти дека добиле пријава за пожар на фарма во понеделникот во 19:21 часот по локално време. Канцеларијата на шерифот објави фотографии на кои се гледа огромен облак црн чад над фармата. По доаѓањето на местото на настанот, полицијата и итната помош затекнале затрупано лице, кое го спасиле и го пренеле во болница.
Инспекторите веруваат дека пожарот настанал поради прегревање на машината
Иако точниот број на убиени крави во пожарот и чадот останува непознат, од канцеларијата на шерифот за Би-би-си изјавиле дека „се проценува дека се изгубени околу 18.000 грла говеда“. Шерифот Сал Ривера изјави за локалните медиуми дека повеќето од добитокот угинал кога пожарот се проширил на областа каде што биле чувани кравите пред да бидат однесени во областа за молзење, а потоа во шталата.
„Некои крави преживеаја. Некои се толку повредени што ќе мора да бидат убиени“, додаде тој. Ривера потврди дека истражителите веруваат дека пожарот се проширил од машина „која носи ѓубриво и вода“. „Можеби (машината) се прегреала и веројатно метанот и такви работи се запалиле, се прошириле и експлодирале“, забележа тој.
„Тешко е да се замисли нешто полошо од тоа да биде запален жив“
Институтот за благосостојба на животните (AWI) со седиште во Вашингтон во соопштение рече дека – доколку се потврди – бројот на смртни случаи на 18.000 крави би бил убедливо најсмртоносниот пожар во штала задобиток откако почнале да водат статистика во 2013 година.
„Се надеваме дека индустријата ќе остане фокусирана на ова прашање и силно ќе ги охрабри фармите да усвојат здраворазумски мерки за заштита од пожари. Тешко е да се замисли нешто полошо од тоа да биде жив запален“, рече Али Гренџер, соработник за политика на програмата за добиток на AWI.