Угина слоницата во скопската зоолошка: Се обиделе тајно да ја однесат во Дрисла?
Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според нивни информации од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. Утрово, околу 8 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата.
Од снимките на „Скопје1“ се гледа како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.
Од раководството на скопската Зоолошка градина за овој случај нема ниту збо.
Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие.
Планот на раководството на Зоолошката е да се однесе слоницата во депонијата Дрисла. Тоа било организирано со помош на ЈП „Улици и патишта“, а нивни камион дошол во Зоолошката градина за да го пренесе угинатото животно.
Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.
Угинаа и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеста коза… Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.
ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.
Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложение дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени./Скопје1