Угина јагуарката Инес во скопската Зоолошка градина


Угина единствениот јагуар кој го имаше скопската Зоолошка градина. Станува збор за Инес, која според менаџерите имала канцер и тумори на повеќе органи.

„Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните.

Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додадоа од ЗОО-Скопје. Тие посочија дека во зоолошките градини најстарите јагуари имаат 23 години.