Удрил со електричен тротинет во 2-годишно дете и избегал на Детска улица во Ново Лисиче

Синоќа во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, во Скопје, или попознато како Детска улица, со електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје.
По случката лицето што управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од екипа на СВР Скопје.