Училиштата во Илинден денес добија брзи тестови за утврдување на Ковид-19
Градоначалникот на Oпштина Илинден Жика Стојановски им донираше брзи тестови за утврдување на Ковид-19 на трите основни училишта и среднотоопштинско стручно училиште „Илинден”.
Се работи за тестови кои овозможуваат брза детекција на присуство на корона вирусот.
Со донацијата на тестовите за брза детекција се овозможува ефикасно спречување на ширење на инфекцијата во училиштата, каде што наставата се одвива со физичко присуство на учениците.
Континуираното следење на состојбата со Ковид-19 и брзото дијагностицирање во училиштата е од голема важност, со цел преземање на навремени и соодветни мерки за спречување на ширење на заразата меѓу учениците и вработените во училиштата.