Учениците од „Зеф Љуш Марку“ од септември физичко на нови терени


Во средното училиште на Град Скопје „Зеф Љуш Марку“ ги реконструиравме спортските терени со цел создавање поквалитетни услови за спроведување на наставата по физичко образование и подобрување на инфраструктурата за спорт и рекреација за нашите средношколци.

Во рамки на градежните работи комплетно се реконструирани атлетската стаза, теренот за кошарка и теренот за одбојка, прилагодени за потребите на учениците и наставниот кадар, со што Град Скопје континуирано ги унапредува условите за одвивање на наставниот процес во скопските средни училишта. Со реализацијата на овие активности се создадени современи, безбедни и функционални услови за изведување на наставата по физичко образование, како и за организирање на дополнителни спортски и рекреативни активности за учениците, што воедно придонесува за подобрување на нивниот севкупен развој и благосостојба.