Учениците од „Лазо Ангеловски“ шампиони во шах на екипното првенство во Аеродром

Денеска во ООУ „Љубен Лапе“ се одржа Екипно првенство во шах меѓу основните училишта
Секое од осумте училишта беше претставено со по две екипи, во две различни категории, една екипа составена од ученици од прво до петто одделение и една екипа составена од ученици од шесто до деветто одделение.
Сите учесници беа генијални во настапите, но победници на ова првенство се екипите од
🏆 Прво до петто одделение:
🥇 1 место – ООУ „Лазо Ангеловски“
🥈 2 место – ООУ „Блаже Конески“
🥉 3 место – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
И екипите од
🏆 Шесто до деветто одделение:
🥇 1 место- ООУ „Лазо Ангеловски“
🥈 2 место – ООУ „Љубен Лапе“
🥉 3 место – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
Првенството се одржа во организација на новоформираниот Шаховски клуб „Аеродром“ со поддршка на Општина Аеродром, а судии на турнирот беа Иван Кочовски и Сашко Лакински.
Учесниците во секоја од училишните екипи беа избрани на селекциски турнири организирани од ШК „Аеродром“.
– Навистина нѐ радува фактот што интересот за шахот е сѐ поголем меѓу нашите ученици, затоа што шахот како игра и спорт претставува моќно средство со кое се развиваат аналитичките способности кај децата и го поттикнува нивниот здрав натпреварувачки дух, а истовремено им нуди забава и дружење – велат од Општина Аеродром.
За време на турнирот се одржа и семинар на темата „Ајде да играме шах“, на кој сите заинтересирани имаа можност да се запознаат со изборниот предмет Шах во училиштата.
Општина Аеродром и натаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и се надеваме дека оваа екипна училишна лига ќе прерасне во традиционална.