Учениците од Конче, за Денот на планетата Земја, засадија вишни и цреши
Учениците од седмо, осмо и деветто одделение, од ООУ „Гоце Делчев“ од селото Конче, кои членуваат во екосекцијата по биологија, со бројни активности го одбележаа Денот на планетата Земја – 22 април.
Заедно со нивниот ментор, на часовите по билогија изработија екосистем со рециклирачки материјали – гуми од возила, во кои посадија растенија од локалитетот Конче и Лубница.

Исто така, на часовите тие рециклираа хартија, со што придонесуваат за почиста и поздрава животна околина.

Засадија и плодни дрвја, вишни, цреши, кои засега одлично се развиваат, а учениците се грижат за нив.
Овие акции, кои ги спроведуваат членовите на екосекцијата, се овозможени со финансиска поддршка од училиштето и директорот Горјан Трајков.
Во продолжение погледнете ги резултатите од нивната работа:



