Ученици танцуваат во скутот на директорот во американско училиште


 

Жителите на еден град во американската сојузна држава кентаки се шокирани од фотографиите на кои се гледа како ученици за време на школска претстава танцуваат во скутот на наставниците и на директорот (кој воедно е и градоначалник).

Фотографиите првично ги објави самото средно училиште „Хазард“ на својата фејсбук страница, а подоцна ги тргнаа.

На фотографиите се гледа како навивачки облечени како келнерки од „Хутерс“ нсоат во рацете алкохолен пијалок и ученици облечени во мрежести хулахопки танцуваат во скутот на директорот Доналд Мобелини.

Според недлежните за окружното образование се води истрага за случајот.

„Инцидентот е под истрага и затоа не можам да ви дадам повеќе информации. Кога истрага ќе заврши, ќе преземеме соодветни мерки“, рече една од надлежните.

Мобелини во 2008 година два пати бил под истрага поради инцидент со алкохол во кој учествувале и ученици.