Убиен менаџерот на најголемиот давател на здравствени услуги во САД
Главниот извршен директор на еден од најголемите даватели на здравствена заштита во Америка е убиен пред хотелot Хилтон во центарот на Њујорк. Извршниот директор на UnitedHealthcare беше застрелан и убиен во Менхетен во очигледен целен напад додека тој требаше да присуствува на годишната конференција за инвеститори на компанијата, изјави претставник на органите за спроведување на законот за CNN. Вооружениот напаѓач останува на слобода.
Брајан Томпсон одеше кон хотелот Њујорк Хилтон облечен во костум и вратоврска, за да присуствува на годишната конференција за инвеститори на UnitedHealthcare што се одржува во сала за бал.Вооружен маж, за кој иследниците велат дека бил маскиран на ниските температури, чекал околу 10 минути пред пристигнувањето на Томпсон, пред да отвори оган од 20 метри подалеку, пукајќи повеќе пати и погодувајќи го.
Вооружениот напаѓач побегнал, пресекол низ уличка и скокнал на велосипед, изјави официјалниот претставник за Си-Ен-Ен. 50-годишниот извршен директор бил застрелан во градите. Службениците за итни случаи кои реагираа го однесоа во болница во критична состојба, каде што беше прогласен за мртов.
Томпсон беше именуван за главен извршен директор за UnitedHealthcare во април 2021 година. UnitedHealthcare е дел од UnitedHealth Group, рангирана на петтото место во Fortune 500, според компанијата.
Матичната компанија на UnitedHealthcare, UnitedHealth Group, ненадејно ја заврши својата закажана конференција во средата наутро, наведувајќи „многу сериозна медицинска ситуација со еден од нашите членови на тимот“. Компанијата не коментираше повеќе.