Убиен еден од лидерите на Ал Каеда


 

Француските сили го убија лидерот на северноафриканското крило на Ал Каеда во текот на операцијата во северниот дел на Мали, соопшти министерката за одбрана Флоренс Парли.

Поранешниот полковник на војската на Мали, Бах аг Муса, познат и како Бамуса Даира, убиен е во четвртокот во операција на франуските сили, пренесе Ројтерс.

Клучната фигура во движењето на џихадистите во Сахел се смета за одговорен за неколку напади на меѓународните сили и силите на Мали, се наведува во соопптението на француската министерка за дрбара Парли.

Бах аг Муса беше десна рака на лидерот на најпознатата џихадистичка група во Мали ЈНИМ (Jama`at Nusrat al-Islam val-Muslimin), која редовно вршеше напади на војската и на цивили во Мали и во Буркина Фасо.

Потегот на Франција следи по низа операции во текот на претходните недели во кои трупите од оваа земја убија десетици исламисти.

Франција има повеќе од 5.100 војници распоредени ширум регионот, а во голем број во Мали, каде спроведува акции против милитантите.