Убер со загуба од 2,9 милијарди долари за првиот квартал поради корона вирусот
Компанијата за такси превоз Убер соопшти дека нејзината загуба достигна 2,9 милијарди американски долари во првиот квартал, како резултат на последиците од мерките за ограничување во врска со корона вирусот.
Компанијата и покрај тоа истакнува дека има можност за надминување на состојбата, бидејќи се поголем број луѓе кои седат дома ги користат услугите за нарачка на храна.
Извршниот директор Дара Хосровшахи изјави дека последиците од Ковид-19, според податоците од април, се сериозни, но има знаци за заживување на некои пазари.
Компанијата информира дека резервациите паднале за 80 проценти во целина во април, но полека се опоравуваат.
Нето загубата за кварталот е речиси тројно во однос на претходната година, вклучително отписи во вредност од 2,1 милијарди американски долари за дел од средствата, ставка што компаниите треба да ја пријават како загуби според сметководствените правила.
Убер на почетокот од неделава соопшти дека ќе отпушти 14 проценти од неговите соработници поради големиот пад на клиентите предизвикан од пандемијата.
Компанијата работи во 800 градови во 50 земји во светот.