Уапсено лице кое се паркирало пред Белата куќа


Белата куќа и поголемиот дел од 17-та улица биле привремено затворени, додека американските власти апселе возач кој се паркирал пред капијата на резиденцијата на американскиот претседател.

Тајната служба во соопштение информира дека синоќа едно лице во патнички автомобил се паркирало пред Белата куќа и излегло од автомобилот. Откако лицето ја игнорирало наредбата да се врати во автомобилот, припадници на обезбедувањето го уапсиле.

Тајната служба соопшти дека автомобилот бил прогласен за безбеден.

Претседателот Доналд Трамп за време на инцидентот не бил во Белата куќа, затоа што отпатува во посета на Велика Британија.