Се апсат директори на ЕСМ и РЕК „Битола“. Дали меѓу нив е и Васко Ковачевски?
Акцијата на обвинителството и полицијата се однесува на злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“
Од утринава полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал се во голема акција на приведување осомничени за сторени злоупотреби во ЕСМ, РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“. Во оваа акција, наводно е уапсен поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, заедно со уште десетина други лица.
Но според други информации, Васко Ковачевски не е меѓу уапсените, затоа што поранешниот директор на ЕСМ во септември или октомври ја напуштил државава.
Осомничени се 19 физички лица, а освен Ковачевски недостапни за полицијата се уште три лица, меѓу кои и Васко Стефанов кој го наследи Ковачевски на директорското место.
Од МВР само потврдуваат дека во тек е полициска акција.
„Во тек е полициска акција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
Детали за акцијата за подоцна најавуваат и од ОЈОГОКК.
Според првичните неофицијални информации, се истражуваат сомнителни јавни набавки, тешки неколку милиони евра.
Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата, близок соработник на поранешниот премиер Зоран Заев, е едно од звучните имиња опфатени во денешната акција на МВР, за откривање на повеќе дела поврзани со епскиот криминал во РЕК Битола, во ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино, за кој се говори подолго време.
Со мега акцијата на МВР се опфатени вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Плусинфо дознава кои лица се осомничени.
Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, на списокот на осомничени е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Во медиумите се споменува дека во акцијата се опфатени и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК „Битола“, комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, како и Данчо Стојановски од Велес
Акцијата на обвинителството и полицијата се однесува на злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.
Како организатор е осомничена и Маја Јорданова од Велес, во својство на носител на договорот за адитивите, која е вработена во „Пошта“. Со акцијата е опфатен и Небојша Стојановиќ од Неготино, исто така како организатор. Тој е поранешен директор на ТЕЦ „Неготино“.