Твитер: Трамп никогаш повеќе на нашата социјална мрежа
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има Твитер налог, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа Нед Сегал.
– Вака нашите правила функционираат: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер, изјави Сегал за Си-Ен-Би-Ес.
Тој додаде дека правилата се одредени за да не можат луѓето да поттикнуваат насилство, а доколку тоа го направат тогаш се отстрануваат од Твитер, така да никогаш не можат да се вратат.
– Ако Трамп се одлучи повторно да се кандидира за претседател нема да може да има налог, посочи Сегал.
Во јануари трајно е укинат налогот на Твитер на Трамп, по упадот на неговите приврзаниви во Конгресот.