Твитер: Околу 130 налози биле цел на кибер нападот

İstanbul, Turkey - February 10, 2019: Woman using smart phone on a couch. The smart phone is an iPhone 8 displaying Twitter application. iPhone is a touchscreen smartphone developed by Apple Inc.

Корпорацијата Твитер соопшти дека хакерите нападнале околу 130 налози во компјутерскиот напад на почетокот од оваа недела, со што беа загрозени профилите на многу истакнати поединци и организации.

Криминалците добиле пристап до внатрешните системи на социјалната мрежа за да ги присвојат платформите на славните, меѓу кои се и кандидатот за претседател Џо Бајден, ѕвездата од реалните шоуа Ким Кардашијан, поранешниот претседател Барак Обама и милијардерот Елон Маск.

Твитер исто така соопшти дека хакерите биле во можност да воспостават контрола над „мало подмножество“ на нападнатите профили и испраќале пораки во нивно име.

Во хакираните твитови се повикаат следбениците да испратат донации во крипто валути на конкретен „паричник за криптовалути“и на тој начин двојно ќе ја зголемат својата заработка. Неколку часа по почетокот на хакерскиот напад, околу 300 луѓе се измамени кои испратиле донации во биткоини повеќе од 100.000 американски долари . Твитовите беа избришани неколку минути откако беа објавени.

Компанијата додаде дека продолжува да истражува дали се украдени лични податоци. Погодени се и Твитер налозите на раперот Канје Вест, основачот на Амазон, Џеф Безос, инвеститорот Ворен Бафет, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и корпоративните сметки на Убер и Ејпл. Исто така хакирани се и налозите на компании и организации што продаваат криптовалути. Вкупно, погодени се налози што имаат десетици милиони следбеници.