Твитер ја избриша пораката на Трамп за „обиди на демократите да ги украдат изборите“
Твитер го обележа како потенцијално навредлива порака од американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во која тој навестува дека демократите се обиделе да ги украдат изборите.
Твитер соопшти дека објавил предупредување за твитот на Трамп во врска со „потенцијално навредливо тврдење за изборите“.
Трамп претходно, без докази, ги обвинуваше демократите дека се обиделе да ги украдат изборите.
„Имаме голема предност, но тие се обидуваат да ги украдат изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не смеат да бидат дадени по затворањето на избирачките места, напиша Трамп.